Техеран, Иран/ Фото EPA-EFE/STR

Напад врз судии во Техеран – двајца убиени, еден ранет

Двајца судии на Врховниот суд на Иран се убиени денеска во Техеран, а еден е ранет, објави владиниот правосуден портал Мизан.

Според достапните информации, напаѓачот извршил самоубиство откако отворил оган врз судиите пред зградата на Врховниот суд, а иранските медиуми јавуваат дека е ранет и телохранителот на еден од судиите, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Мотивот за убиството не е познат.

Судскиот систем ги идентификуваше убиените судии како ајатолахот Мохамад Могисех и Али Разини.

Опозицијата претходно тврдеше дека Могисех бил вклучен во судењата на политичките затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот