Напад во воена база во Сомалија, убиени шест лица

Шест лица се убиени кога тешко вооружени борци на исламистичката терористичка група Ал-Шабаб нападнаа воена база во Сомалија, изјавија синоќа владини извори, јавува ДПА.

Двајца војници и четворица цивили, од кои две жени, се меѓу загинатите откако милитантите доцна синоќа ја напднале воената база Хилвејн, на 25 километри северно од главниот град Могадишу, изјави за ДПА владиниот портпарол Исмаил Мукхтар Омар.

-Нашите сили жестоко им возвратија на терористите и убија неколку бунтовнички борци, изјави Омар.

Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот на пробунтовничкото радио Андалус.

Групата Ал-Шабаб има тесни врски со интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда и често пати изведува напади  во земјите од истична Африка, пренесува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот