НАПАД ВО РУСИЈА: Му кажале да ја напушти училницата поради тоа што доцнел, па почнал да пука

Фото: Принтскрин/Телекомпания Город

Најмалку еден човек загина, а тројца се ранети кога кога студент отвори оган на колеџ во Благовшченск, на далечниот исток на Русија во регионот Амур, пренесе „Б92“.

Откако го извршил злочинот, студенот извршил самоубиство.

– Тела на две момчиња, меѓу кои и на напаѓачот, пронајдени се на местото на инцидентот. Според прелиминарните информации, три особи се ранети – соопшти Министерството за внатрешни работи во таа област.

Во соопштението се наведува дека едно момче наишло на полициска патрола и им рекло за нападот во колеџот. Полицијата го забележала вооружениот напаѓач на вториот спрат од колеџот кој пукал и кон нив.

„Тас“ пренесува дека полицијата возвратила со истрели од огнено оружје и дека никој од нивните припадници не е повреден.

Полицијата верува дека недоразбирања кој напаѓачот го имал со колегите од колеџот е можен мотив за нападот.

Извори на службата за вонредни ситуации претходно ѝ рекоа на руската агенција дека напаѓачот започнал да пука откако му е кажано да ја напушти училницата поради тоа што доцнел на час.

Еден ранет тинејџер е во критична состојба.

Рускиот истражен одбор јави дека досегашните резултати од истрагата покажале оти 19-годишниот студент од градешното училиште отворил оган во таа образовна установа.

Ранети се три момчиња, на возраст од 17, 19 и 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот