Напад во парк во Киев: Убиена жена вработена во Амбасадата на САД во Украина

Фото: ldnews.com

Во напад во парк во Киев денеска е убиена жена која била вработена во американската Амбасада во Украина, а полицијата трага по маж осомничен за нападот, соопшти украинската полиција.

Британските медиуми, повикувајќи се на првични сознанија на полицијата, јавуваат дека жената имала повреда на главата и дека ја пронашол случаен минувач, на улица во непосредна близина на паркот во центарот на градот.

Украинскиот министер за внатрешни работи, Артем Шевченко, на Твитер напиша дека „убиството на вработената жена во американската Амбасада во Киев може да биде злосторство или инцидент”.

На полицијата и било соопштено дека жената е претепана и оти се претпоставува дека сторител е темнокос маж на возраст меѓу 30 до 40 години, облечен во темни кратки пантолони и маица.

– Жената беше примена во болница во бесознание, а подоцна таму почина. При прегледот на предметите на жртвата, на нејзино име е пронајдена идентификациска картичка дека е службеничка на американската Амбасада”, соопшти полицијата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот