Напад со нож во основно училиште во Кина: Повредени се 37 деца и неколку возрасни

Фото: МИА

Најмалку 40 лица се повредени утринава во напад со нож во основно училиште во јужниот дел на Кина, објавија локалните медиуми.

Нападот се случил во училиште во градот Вужоу во автономниот регион Гуангкси, објави весникот „Глобал тајмс” на Твитер.

Осомничениот е 50-годишен маж, кој работел како чувар во училиштето, пренесуваат кинеските државни медиуми. Тој е приведен од полицијата и засега не е позната причината за нападот.

Според наводите на локалната влада, 37 деца и неколкумина возрасни лица се здобиле со повреди од различен степен. Меѓу повредените е и директорот на училиштето и еден припадник на обезбедувањето. Кинеската телевизија ЦЦТВ објави дека тројца од повредените се наоѓаат во тешка состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот