НАПАД СО НОЖ ВО ЈОРДАН: Петмина повредени, помеѓу нив и туристи од Шпанија

Во напад со нож во Јордан биле повредени пет лица, помеѓу кои имало и тројца туристи од Шпанија, а нападот се случил на римските урнатини во Џераш во Јордан, јавуваат тамошните медиуми.

Џераш се наоѓа северно од главниот град Аман и е познат по урнатините од грчко-римската населба Гераса, во непосредна близина на денешниот град.

Според јорданската полиција, напаѓачот набргу по инцидентот бил уапсен.

Прелиминарните извештаи велат дека туристите се здобиле со сериозни повреди и дека сите се хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот