Напад со дрон полн со експлозив: 10 повредени на саудски аеродром

ФОТО: Profimedia

Десет лица се повредени во напад со дрон полн со експлозив на аеродромот Кинг Абдула во градот Јазан близу јеменската граница, јавуваат саудиските медиуми.

Во нападот се повредени десет Саудијци, тројца државјани на Бангладеш и еден Суданец.

На аеродромот видливи се и оштетувања на фасадните прозорци, јавуваат тамошните медиуми.

Во Јемен ескалира насилството од 2014 година кога Хутите ја презедоа контролата над поголем дел од земјата, меѓу кои е и главниот град Сана.

Конфликтот ескалираше година дена подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници ја поддржаа јеменската влада, да врши воздушни напади на позициите на бунтовниците.

Хутите засега не ја презедоа одговорноста за нападот, но оваа група постојано лансиран беспилотни летала и ракети и изведува напади во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот