Наоми Осака одговори на заканите за суспензија на Ролан Гарос

epa09236524 Naomi Osaka of Japan in action against Patricia Maria Tig of Romania during their first round match at the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 30 May 2021. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Јапонската тенисерка се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста уште од самиот старт на Ролан Гарос поради нејзината одлука да не учествува на задолжителните прес-конференции.
Втората тенисерка на ВТА ранг листата соопшти дека поради менталното здравје не сака да има контакти со новинарите и е подготвена да ги плати предвидените казни.

Организаторот на Ролан Гарос вчера парично ја казни Осака со 15.000 долари бидејќи не се појави на прес-конбференцијата по нејзината победа во првото коло и дури и се заканија со дисквалификација од грен слем турнирот доколку продолжи да ги игнорира правилата и новинарите.

Денеска Осака одговори на заканите на организаторот со мистериозна порака.
„Лутината претставува недостаток на разбирање. Промената на луѓето им создава непријатност“, напиша Осака на својот Твитер профил.

Јапонската тенисерка има четири грен слем титули, по две на УС ОПен (2018,2020) и на Австралија Опен (2019,2021), а неодамна од Лауреус спортската академија беше прогласена за најдобра спортистка во 2021 година.
Во второто коло на Ролан Гарос, Наоми Осака ќе игра против Романката Ана Богдан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот