Наоми Кемпбел сама и гола во подземна железница во Њујорк (ФОТО)

Profimedia
профимедиа

Супермоделот Наоми Кемпбел (50) на своите профили објави серија фотографии од подземната железница во Њујорк.

Како што напиша, станува збор за необјавени професионаолни фотографии што ги направила за модната куќа „Валентино“, кои можете да ги видите ТУКА.

На сите три фотографии Наоми е без облека на себе, а ташната од „Валентино“ стратешки ги покрива сите неопходни места.

Иако коментарите што ги доби Наоми под фотографиите се однесуваат на ковид-19 и на нејзината безбедност, претпоставка е дека фотографиите сепак настанале порано.

Токму Наоми последниве месеци покажуваше голема мера на внимание кога се работи за заразата со вирусот, па нејзините фотографии во заштитно одело го обиколија светот. Некои тогаш и се смееја, но манекенката изјави дека е многу помирна во таков аутфит.

 

Instagram

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот