Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Instagram

Наоми Кемпбел на крајот на 2020 година си ветила дека ќе престане да пуши цигари. Иако многумина пушачи ќе се сложат дека е многу полесно да се каже отколку да се направи.

Наоми вели дека овојпат е решена да не се врати на цигарите, и објасни дека ќе го одржи ветувањето.

Престанав да пушам на новогодишната ноќ“, изјави Наоми за „Сан“.

Instagram
Instagram

Секое попладне пливам во океанот еден час или два… Тоа ми помага да ги исчистам белите дробови затоа што се потребни 21 дена за да го исфрлите никотинот од вашиот систем“, вели таа.

Ова секако е тежок предизвик, бидејќи пливањето околу британските острови во моментов е речиси незамисливо, имајќи ги предвид ниските температури.

Instagram
Instagram

Како што вели, со години се борела да се откаже од пушењето. Ѕвездата, наводно, во минатото се обидувала со никотински фластери, а дури дала шанса и на хипноза за да се обиде да ја искорени навиката.

Ми велеа дека цигарите се оставаат потешко од алкохолот. Не верував, но знаете што? Потешко е“, вели таа.

Instagram
Instagram

Сè уште е борба. Всушност, само зборувајќи за тоа ме тера да запалам една цигара, па ајде да прекинеме, ве молам! Навистина се обидувам“, се пошегува Кемпбел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот