Нант во чест на Сала ќе игра со дресови во аргентински бои

Францускиот тим соопшти дека во неделниот натпревар против Бордо ќе игра во дресови со плаво-бели линии, идентичи на аргентинските, како би му оддале почит на трагично загинатиот Емилијано Сала.

Денеска е денот на кој навршува точно една година од трагичната смрт на Емилијано Сала. За да му оддадат почит на својот поранешен фудбалер кој трагично го загуби животот во авионска несреќа.

„ Бидејќи Емилијано сонуваше да заигра во дресот на Аргентина, фудбалерите на Нант, жолто-зелената опрема ќе ја заменат со плаво-бела на еден натпревар во француското првенство“, соопшти францускиот тим.

Емилијано Сала пред точно една година леташе од Нант кон Кардиф со кого претходно потпиша договор, кога авионот Пајпер Малибу исчезна над каналот Ламанш, а неколку недели подоцна беше пронајдено телото на аргентинскиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот