Нани: Во Јунајтед доаѓав и пијан на тренинзите

фото:фифа

Португалецот кој настапува за Орландо сити, открива дека иако во Премиер лигата се играат натпревари на 1 јануари, фудбалерите не ги пропуштаа новогодишните прослави.

Нани дури седум години го носеше дресот на Манчестер јунајтед, во времето кој менаџер беше сер Алекс Фергусон, а соиграчи му беа Кристијано Роналдо, Вејн Руни, Рајан Гигс…

Португалецот открива дека иако постојано имаше приказни за Фергусон дека е строг, во реалноста е сосема поинаку.

– Никогаш не сум имал проблеми поради тоа што излегував да се забавувам. Тоа го правев во вистинскиот момент, доколку наредниот ден ни беше слободен тогаш немаше шанси да поропуштам да не излезам. Кога станува збор за специјалните денови како Божиќ и Нова година, никој не се грижи за фудбалерите и нивното однесување.

За Нова година можевме слободно да дојдеме пијани на тренинг и никој не ни правеше проблем. Алекс Фергусон знаеше како да се однесува со нас, имаше став дека тоа е специјален ден и не бараше премногу од нас на тој ден – изјави Нани кој признава дека доаѓал пијан на тренинзите на екипата и немал проблем поради тоа.

– Во Премиер лигата се игра фудбал цела година. Доколку Вес Браун се опие што ќе правиме? Тогаш на тренизите се релаксиравме, менаџерот ни дозволуваше се, и ние постојано се глупиравме. Нема да лажам, сакав да излегувам. Сега повеќе не го правам тоа бидејќи не можам да играм на највисоко ниво – вели Нани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот