Најмладиот новозаразен од коронавирус во Штип е двегодишно дете

 Двегодишно дете е намјладиот новозаразен со коронавирус во Штип, покажаа денешните пристигнати резултати од брисевите што ги имаат земено епидемиолозите, но и од приватните лабаратории. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега пристигнати се околу 33 позитивни резултати на жители на Штип. Бројката и денеска е висока и двоцифрена.

-Во моментов ги правиме епидемиолошките анкети на новите позитивни случаи во Штип, со цел да утврдиме од каде се заразиле, до овој момент покажуваат дека се од фабричките кластери. Епидемиолошката анкета за вчерашните случаи покажа дека околу 90 осто од случаите се работници или нивни контакти од осумте конфекции, каде што се појави заразата, вели Димитрова.

Во штипскиот регион со денешниве позитивни на Ковид-19 бројката изнесува над 333 активни случаи, додека 303 се излекувани.  Димитрова апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, како што се држење дистанца, носење заштитни маски и често миење на рацете.

Штип досега има 11 жртви од коронавирусот, по последниот случај кој беше вработен во Општина Штип, во домашен карантин се ставени двајца негови колеги, кои се вработени во секторот за социјални услуги во Општина Штип, а просториите се дезинфицирани.  

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека денеска на болничко лекување имаат 52 – ца пациента, од кои неколкумина се со повремена кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот