Намирници кои треба да ги конзумирате доколку сакате вашите нокти да се совршено здрави и цврсти!

Ако вашите нокти се природно кршливи, има смисла да си прибегнете кон сите трикови што можат да ги направат посилни. Многу луѓе размислуваат за маникир, но тајната на здравите нокти главно лежи во вашите навики. Можеби вашата исхрана е сиромашна со витамини и важни хранливи материи, па ова е првото нешто што треба да го промените.

Дерматологот Ава Шамбан за HuffPost изјави дека мисирката, пилешкото и говедското месо можат да ги направат ноктите јаки и здрави. Исто така, свежо овошје кое обезбедува еден куп витамини и минерали ќе ви помогне.

„Антиоксидансите помагаат да се заштити телото од стрес и воспаление што може да влијае на здравјето на косата и ноктите. Боровинките се познати по своите најголеми антиоксидантни својства“, вели диетичарот Ерин Палински-Вејд.

Зеленчукот со зелен лист како што се кељ, спанаќ и брокула е полн со железо, фолати и калциум што ќе ги одржи здравите нокти, а витамин Ц е исто така важен, затоа треба да посегнете по домати и пиперки, кои се богати со овој микронутриент.

Диететичарката Луси Џонс исто така советува здрави масти кои се наоѓаат во лососот. Веганите можат да ја заменат мрсната риба со авокадо што го има истиот ефект.

За ужинка изберете неколку бадеми кои содржат витамин Е и цинк. Јајцата што се полни со протеини се одлични за појадок.

„Протеинот е навистина важен за јаки нокти и здрава коса“, додава Џонс.

Со сето горенаведено, не занемарувајте редовно внесување течност, особено вода, па можеби проблемот со кршливи нокти ќе стане минато за вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот