Намирници кои ја подобруваат активноста на мозокот и се корисни за вашето здравје

Сите знаеме дека храната силно влијае на целокупното здравје на човекот. Но, исто така може да влијае и на функционирањето на нашиот најважен орган, мозокот.

Во зависност од тоа каква храна јадеме, храната може да нè направи посреќни, да ни ја подобри концентрацијата и меморијата.

Со стратешки избор на храна, можете да постигнете подобро расположение и ефикасност, а во исто време да уживате во јадењето.

Брокула

Брокулата е полна со силни растителни соединенија, вклучително и антиоксиданти. Исто така е многу богата со витамин К.

unsplash

Овој витамин се раствора во мастите и е неопходен за производство на сфинголипиди, еден вид маснотија која се „пакува“ во мозочните клетки. Неколку студии кај повозрасни лица го поврза поголемиот внес на витамин К со подобра меморија. Покрај витамин К, брокулата содржи голем број соединенија кои имаат антиинфламаторно и антиоксидантно дејство, што може да помогне во заштита на мозокот.

Ореви

Истражувањата покажаа дека јадењето ореви може да го подобри здравјето на срцето, а здравото срце е поврзано со здравјето на мозокот.

Исто така, друга голема студија покажа дека жените кои редовно јадат ореви имаат поостра меморија во споредба со оние кои не јадат ореви.

unsplash

Оревите се полни со здрави масти, антиоксиданти и витамин Е, и директно влијаат на здравјето на мозокот. Витаминот Е ги штити клеточните мембрани од оштетување на слободните радикали, забавувајќи го менталното стареење.

Кафе

Двете главни компоненти на кафето, кофеинот и антиоксидансите, му помагаат на вашиот мозок. Кофеинот во кафето има голем број позитивни ефекти врз мозокот, вклучително и активирање на  будноста и блокирање на аденозинот што го заспива мозокот. Кафето го подобрува расположението како резултат на влијанието врз серотонинот, и ја зголемува концентрацијата.

Unsplash

Пиењето кафе исто така се поврзува со намален ризик од невролошки заболувања, како што се Паркинсон и Алцхајмеровата болест. Секако, кафето треба да се консумира умерено, затоа што може да предизвика несакани ефекти.

Куркума

Куркумата неодамна стана многу популарна, што е добро затоа што е многу здрава, меѓу другото, и за мозокот.

Докажано е дека куркуминот, активната состојка на куркумата, ја преминува крвно-мозочната бариера, што значи дека може директно да влезе во мозокот и да им користи на клетките. Тоа моќно антиоксидантно и антиинфламаторно соединение кое се поврзува со многу здравствени придобивки за мозокот.

Куркумата е корисен сојузник за меморијата и борбата против мозочните болести, затоа што може да помогне во расчистување на амилоидните наслаги –  една од одликите на мозочните заболувања.

Воедно, ја ублажува депресијата со зајакнување на серотонин и допамин – една студија покажа дека куркуминот ги ублажува симптомите на депресија на ист начин како антидепресивите.

Масна риба

Рибата како лосос, пастрмка и сардини, кои се богати извори на омега-3 масни киселини се одлични за одржување на здравјето на мозокот.

Приближно 60% од мозокот е составен од маснотии, од кои половина се омега-3. Мозокот користи масни киселини за градење на нервните клетки, а мастите се клучни за учење и помнење.

Тука се уште некои дополнителни придобивки. Прво, омега-3 масните киселни можат да го забават падот на мозочната активност, која е поврзана со возраста, а воедно помагаат и во одбраната од Алцхајмеровата болест.

Од друга страна, недоволниот внес на омега-3 е поврзан со послаба концентрација и меморија, како и депресија.

Едно истражување покажа дека луѓето кои редовно јадат печена риба имаат повеќе сива материја во мозокот. А тоа значи дека мозокот содржи поголем дел од нервните клетки кои го контролираат донесувањето на одлуки, меморијата и чувствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот