Наместо згради – паркови, Аеродром со амбиција да стане најзелена општина

Аеродром
Фото: Facebook/Град Скопје

На претходната седница на Советот на Општина Аеродром на иницијатива на градоначалникот беше поднесено барање за почеток на постапка за бришење на две градежни маркички во Реонски центар, каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

Наместо да се градат згради, на целата територија на Општина Аеродром ќе се подигаат голем број зелени површини, со што оваа скопска општина повторно ќе го заземе приматот на најзелена. Ова го најавуваат општинските власти, кои посочуваат и дека за таа цел e планирано е да се пренаменуваат маркички за згради во паркови, а во моментот како што објаснуваат надлежните од Аеродром се утврдуваат неколку такви локации од каде што ќе бидат отстранети маркички за изградба на станбени згради.

Според предвидената програма на градоначалникот Муцунски, пренамената на маркички од згради во паркови ќе стане практика во Аеродром, бидејќи треба да се грижиме за развој на општината и за нови зелени површини. Во моментов се утврдуваат уште неколку такви локации од каде што ќе бидат отстранети маркички за изградба на станбени згради и како што ќе се донесуваат одлуките така јавноста ќе биде соодветно известена што е доказ дека конечно се слуша гласот на граѓаните – информираат од Општина Аеродром.

Ваквата практика започна уште на претходната седница на Советот на Општина Аеродром кога на иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски беше поднесено барање за почеток на постапка за бришење две градежни маркички во Реонски центар, каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

Советот ја изгласа оваа иницијатива. Со оваа одлука Аеродром стана прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови, бидејќи наместото предвидено за градежни објекти, поточно за станбена и општинска зграда се пренаменува во парк од 5.000 квадратни метри со монтесори содржини – додаваат од Општина Аеродром.

Според најавите, администрацијата на Општината ќе добие нов објект во кој ќе работи иако општинската зграда поради бришењето на маркичката во Реонскиот центар нема да биде сместена на посочената локација. Од Општина Аеродром не откриваат на која локација ќе се гради и покрај најавите дека веќе од наредната година се планира да почне постапка за изградба на општинска зграда и информациите дека веќе е утврдена дополнителна локација.

–  Муцунски најави дека веќе од наредната година се планира да почне постапка за изградба на општинска зграда. За новата зграда веќе е утврдена дополнителна локација, додека за проектот што беше предвиден претходно рече дека експертите се изјасниле дека е двапати над пазарната вредност за објект од таа големина. Затоа ќе се оди со решение што ќе биде многу поевтино и ќе заштеди пари на граѓаните, а притоа ќе се обезбеди хумана градба – велат од Аеродром.

Оттаму додаваат дека на тој начин, Општината ќе добие општинска зграда со многу подобри инфраструктурни решенија, бидејќи тоа што се случувало во текот на целиот мандат на претходниот градоначалник било нерационално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот