10 C
Скопје

Наместо зграда во новиот ДУП ќе се гради парк

Во споредба со стариот ДУП Градска четврт Ц04 кој предвидува 4.043 метри квадратни парковско зеленило, новиот план кој денеска го изгласаа советниците има вкупно 5.889 метри квадратни парковско зеленило, со што речиси 13% од површината на четвртта е под парковско зеленило.

Согласно новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг места во своја парцела.

Избришан е еден објект за колективно домување кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262 метри квадратни и пешачка патека, велат од Општина Центар.

Од таму дополнуваат дека се работи за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба.

Прочитајте и...  Жителите од Ново Маало ја подржуваат изградбата кај „Холидеј ин“

– Наместо како што стариот план предвидува, изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, детското игралиште со површина од 408 метри квадратни во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него, наместо изведба на паркинг на целата површинаС. тариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека „Кај Маршалот“. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку приоди од улицата Максим Горки, со што се задржува пешачката патека “Кај Маршалот“ и истата нема да стане улица за автомобили, дополнуваат од општина Центар.

 

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар