Наместо за седма сезона, Стивен Најт ќе пишува сценарио за филм: „Peaky Blinders“ ќе започне да се снима во 2023 година

Иако сè уште не се објавени детали за содржината на претстојниот филм „Peaky Blinders“, ниту пак за тоа кои улоги можеме да очекуваме да се вратат, засега е познато дека шестата сезона од серијата ќе го опфати периодот и случувањата до Втората светска војна, па постои голема веројатност дека дејствието во филмот ќе се базира на тој конфликт.  

Светската хит серија на ХБО Макс и Би-Би-Си „Peaky Blinders“ ќе заврши со долгометражен филм кој се планира да започне да се снима во 2023 година, веднаш по крајот на шестата и последна сезона од серијата.

Креаторот на серијата базирана на вистинската приказна за Бирмингемска банда, Стивен Најт, ја потврди оваа вест во изјава за „Вараети“ за време на панел дискусијата на „БФИ“ Лондонскиот филмски фестивал. Наедно, Најт откри дека продукцискиот процес на шестата сезона од серијата е речиси комплетно завршен, а нејзината премиера се очекува пролетта 2022 година, по што ќе започне снимањето на филмот.

– И тогаш ќе го напишам сценариото за филмот што ќе биде поставен и снимен во Бирмингем. И тоа најверојатно ќе биде крајот на приказната за Пики Блајдерс, онаква каква што ја знаеме. – открива Најт.

Што ќе биде премисата на филмот „Peaky Blinders“?

Сè уште не се објавени детали за содржината на претстојниот филм „Peaky Blinders“, ниту пак за тоа кои улоги можеме да очекуваме да се вратат. Сепак, засега е познато дека шестата сезона од серијата ќе го опфати периодот и случувањата до Втората светска војна, па постои голема веројатност дека дејствието во филмот ќе се базира на тој конфликт.

Земајќи ја предвид временската рамка, се очекува ликовите на Томи Шелби (Килијан Марфи) и Артур Шелби (Пол Андерсон) да бидат во нивната 49 и 52 годинишна возраст, што значи дека би ја избегнале воената регрутација, но затоа пак неколку од помладите членови на семејството би биле доволно возрасни (или пак доволно блиску) за регрутација.

Знаејќи ги опасностие и сè уште чувствувајќи ги ужасните ментални лузни што ги оставила Првата светска војна зад себе, би било интересно да видиме како постарите членови на Peaky Blinders се справуваат со сознанието дека и нивните деца ќе треба да се соочат со ужасите на Втората светска војна.

Досегашните успеси на „Peaky Blinders“ и нејзината иднина

„Peaky Blinders“ за прв пат ја претстави приказната за шефот на истоимената банда на малите екрани кон крајот на 2013 година. Сместена во Бирмингем, Англија во текот на првата половина на 20 век, серијата го следи растот и развојот на бандата Peaky Blinders, како светот на нејзиниот шеф, Томи Шелби, кој е исто толку опасен како и неговата амбиција.

Серијата е добитник на бројни номинации за награди, а во 2018 година ја освои наградата за најдобра серија на наградите „БАФТА“.

Снимањето на филмот „Peaky Blinders“ беше официјално потврдено уште на почетокот на годинава, како замена за седмата сезона од серијата што беше откажана поради пандемијата на коронавирусот. Подоцна, сосема очекувано се поставија и прашањата за потенцијален спин-оф на „Peaky Blinders“.

Иако креаторот Најт вели дека постои веројатност да ќе се појават дополнителни серии поврзани со „универзумот“ на „Peaky Blinders“ во иднина, тој сепак би сакал да ја отстапи пишувачката улога на друг сценарист.

Тој исто така додаде и дека претстојното филмско и ТВ студио, како и академија во Бирмингем што тој ги поддржува, со помош на „БФИ“, Академијата Би-Би-Си, Универзитетот во Бирмингем и Филмската академија во Бирмингем, ќе покренат иницијатива наречена „Втора единица“ каде студентите ќе стекнете практично продукциско искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот