Наместо во самоизолација, Охриѓанец седел во угостителски објект

Фото; МИА

Триесет и деветгодишниот Ј.С. од село Горенци, Охридско заработи кривична пријава за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

Како што информира охридската полиција тој, не ја почитувал одлуката за да биде во самоизолација.

„На 13 март 2021 година, пријавениот бил затекнат во угостителски објект во Охрид, со што не се придржувал кон издаденото решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“,информира СВР-Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот