Наместо во Италија, Мауро Икарди може да се пресели во Шпанија?!

фото:твитер

Судбината на аргентинскиот фудбалер сè уште e неизвесна, а сега се појави уште една заинтересирана екипа.

Мауро Икарди сезонава настапува во ПСЖ како позајмен фудбалер од Интер. Францускиот тим има можност да го откупи договорот на Икарди за 65 милиони евра бидејќи веќе платија пет милиони за позајмицата, но прашање е дали самиот фудбалер сака да остане во Париз.

Неговата сопруга и менаџер, Ванда Икарди, изминатиот период најавуваше дека Мауро на крајот од сезоната ќе се врати во Италија каде најголема желба му е да го облече дресот на Јувентус.

Доколку Интер не му овозможи да се пресели во Торино, тој е подготвен последните две години од договорот да ги преседи на клупата иако тренерот Антонио Конте нема намера да му даде шанса да одигра ниту една минута.

Сега се појави уште еден клуб кој е заинтересиран за Аргентинецот, Атлетико Мадрид. Шпанскито тим и минатото лето се обиде да се договори со Икарди, но ПСЖ беше побрз.

Овој пат, мадридските медиуми објавуваат дека Атлетико и тренерот Диего Симеоне се подготвени да платат околу 40 милиони евра и во Интер да го пратат Диего Коста во замена за Икарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот