Наместо спектакл со Селтик, ќе ги гледаме Дуделанж или Валета!
Македонскиот шампион после мечот во Скопје доби свирежи од своите навивачи, а гостите од Естонија беа наградени со аплаузи. Тренерот на Номе Калју, Роман Кожуховски на прес конференцијата рече дека ретко има навивачи кои им аплаудираат на противниците и тоа за него претставува респект.
Номе Калју кој едноставно многу среќно, без скоро никаква доминација во двомечот со Шкендија, на крајот си обезбеди второ квалификациско коло во ЛШ против најверојатно шкотскиот гигант Селтик.
Шкендија сега ги продолжува меѓународните настапи во второто квалификациско коло на Лига Европа, а таму ќе се сретне против елиминираниот од пресметката Дуделанж (Луксембург)-Валета (Малта). После првите 90 минути во Луксембург беше 2:2, а вечерва тетовските „црвено-црни“ и официјално ќе го дознаат ривалот.
Првиот меч во второто квалификациско коло на Лига Европа Шкендија ќе го одигра во Скопје на 25 јули, а реваншот е на 1 август на теренот на противникот.