Наместо роднини, полицијата во Рим дочека 160 Италијанци од Англија

epa08266224 Passengers wearing face masks walk at 'Leonardo Da Vinci' airport, in Fiumicino, near Rome, Italy, 03 March 2020. EPA-EFE/TELENEWS

Авион со 160 Италијанци од Англија слета на аеродромот во Рим, кои биле блокирани затоа што европските земји превентивно го прекинаа сообраќајот со Островот со цел да се заштитат од новиот вид на коронавирус што се појави во Англија.

Патниците, наместо роднини, ги дочекале полицајци.

Имено, сите патници на аеродромот биле тестирани за Ковид-19, а потоа биле пуштени дома со обврска да го повторат тестот по седум дена.

Во Италија пристигнале камиони со првите дози на вакцината против коронавирусот на „Фајзер”, која била доставена од Белгија, каде што е произведена.

Епидемијата на Ковид-19 во Италија е во фаза на благ пад, изјави претседателот на Високиот државен институт за здравство, Силвио Брусаферо.

Во последните 24 часа се потврдени 14.000 новозаразени со коронавирусот и 505 починати.

Првите пациенти ќе бидат вакцинирани на 27 декември, денот кој е договорен за симболичен почеток на вакцинацијата во сите земји на Европската унија.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот