Наместо плата 15 шишиња вотка: Најстабилната руска валута не се парите

Кога родителите на Евгениј Плетнев во раните 90-ти изградија куќа во близина на Санкт Петербург, даски и врати не можеше да се најдат во продавниците, пренесува „Atlasobscura.com“. За да ги добијат потребните материјали, тие поставија постери низ градот, во кои беше наведено она што го бараа – и за возврат им даваа вотка или пари.

Таткото на Евгениј бил морнар, а на своите патувања купил „Royal“ водка, во која имало дури 96 проценти алкохол. Тие успешно продадоа се и купија сè што им беше потребно за работа. Во тоа време, овој вид размена на стоки воопшто не изгледаше невообичаено, затоа што многумина го правеа тоа.

Во некои руски села, работниците се плаќаа со вотка наместо со пари затоа што во време на финансискиот колапс, парите немаа функција, тие беше речиси безвредни. Затоа, трговијата со вотка се чинеше совршено разумна.

За време на високата инфлација, дел од трговоците не ја примаа рублјата. Наместо тоа, тие би побарале германски марки, британски фунти или најчесто американски долари. Бидејќи доларот во Русија не може да биде службено средство за плаќање, наместо цената стоеше кратенката у.е. која определуваше „условна единица“. Во сленг, се користел терминот „убиени ракуни “ (рус. „Умотик на Убити“). Во тоа време, терминот „лимон“, почна да се користи за милион, кој беше речиси заборавен од 20-тите години на минатиот век и во време на висока инфлација.

Во 1998 година, властите во една област во Сибир и поделија на илјадници наставници по 15 шишиња вотка наместо плата. Оригиналната идеја за начинот на плаќање требаше да вклучи тоалетна хартија, но тие се решија за вотката, затоа што можеше да се замени со леб или друга храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот