Наместо паркинг, од сега пред Пошта ќе има пешачка патека

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило денеска промовира нов модел на работа на претпријатието.

Тоа што почнало како пилот проект, според директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ардијан Муча се покажало како одличен начин да се разаубават јавните површини во градот.

– Почнавме да уредуваме осум локаци и видовме дека тоа е суштината за убав изглед на градот. Осумте локации се завршени, а една од нив е и локацијата кај Пошта, каде што се наоѓаме денеска. Се надевам дека во 2020 фокусот на претпријатието ќе биде ангажман на ова поле. Оваа есен во Скопје се засадени 7.300 дрва, рече Муса.

Пешачката површина пред објектот на главната Пошта во центарот на Скопје од денеска има нов лик, изградена е нова велосипедска патека, поставени се клупи, како и жардиниери со ниско украсно зеленило со сопствен систем за наводнување.

Според Шилегов зеленилото во Скопје веќе има друга димензија, односно не подразбира само садење трева, туку конструирање на цветни аранжмани и оформување на жардиниери.

– Градот започна со ослободување на јавниот простор за пешаците и велосипедистите и посериозно уредување на зеленилото. Лани засадивме 16 јавори и воведувме систем капка по капка, а оваа година ја  изработивме жардиниерата за да ги оддели коловозните ленти и да го направи движењето попријатно. Намерно е оставен плочникот кај што е обележан паркинг, за да се увиди разликата. од минатото и сега. Порано се паркираа возила, а сега ова претставува јавен простор наменет исклучиво за пешаци и велосипедисти, нагласи Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот