Наместо Оскарите, повеќе од 8 милиони луѓе ја гледале последната епизода на хит-серијата „The Last of Us“

Серијата „The Last of Us“ / Фото: Supplied by LMK / Landmark / Profimedia

Хит-серијата на ХБО „The Last of Us“ го собори сопствениот рекорд на гледаност со последната епизода.

Последната епизода од „The Last of Us“ ја гледале 8,2 милиони луѓе, а резултатот е уште поимпресивен ако се земе предвид дека времето кога беше објавена се поклопи со телевизиското емитување на годинешните Оскари. Со ова, серијата речиси го удвои бројот на гледачи на премиерната епизода која ја гледале 4,7 милиони луѓе.

Серијата првично заостануваше зад вториот хит на ХБО „House of Dragons“, но сепак, достигна 30,4 милиони гледачи по епизода во текот на сезоната, надминувајќи ги резултатите од приквелот на „Game of Thrones“. Исто така, гледаноста на серијата се зголемила за дури 75 отсто во текот на првата сезона.

„The Last of Us“ е адаптација на истоимената видеоигра од 2013, која, според многумина, е најдобрата игра на сите времиња на кознолата „Сони плејстејшн“.

Дејството на серијата се случува 20 години откако е уништена модерната цивилизација и го следи криминалецот Џоел (Педро Паскал), кој мора да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.

„The Last of Us“: Научна фантастика или нешто што може да се случи во вистинскиот живот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот