Наместо на самит, лидерите на Г7 ќе состаночат на месечни видео-конференции

Американскиот преетседател Доналд Трамп ќе го откаже состанокот на лидерите на Г7 во Кемп Дејвид во јуни заради коронавирусот, а место тоа ќе организира видео конференција, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп претходено неделава оддржа видео конференција со лидерите на седумте најразвиени земји во светот, а истото го планира и за април и мај, како и за јуни , кога всушност треба да се оддржи средбата на Г7.

Советникот за економија во Белата куќа, Лери Кудлов, ги запознал партнерите за овој потег на претседателот, пренесуваат британските медиуми.

Трамп планираше фокусот на самитот да биде економијата , одбегнувајќи ги темите како што се климатските промени.

Тој првично планираше гостите од Г7 да ги прими во еден од своите имоти на Флорида,но се откажа од идејата заради критиките дека од тоа би имал финансиска корист.

Групата седум најразвиени земји во светот , покрај САД, ја сочинуваат Италија, Јапонија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, како и ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот