Наместо да седат во карантин излегувале и недолично се однесувале низ Охрид

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени  за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

– Додека биле сместени во карантин во хотел, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против тројца жители од општина Липково – С.Љ.(25) од село Матејче, В.Н.(39) од село Липково и А.Х.(27) од село Отља, против четворица од Скопје –  Ж.Б.(28), Ф.Р.(40), Р.Љ.(40) од Арачиново и Ш.А.(45) од Чаир, против С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ф.Б.(39) од Тетово, Н.А.(38) од Крушево и М.С.(61) од кичевското село Осој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот