Наместо да се исплатат заостанатите плати, стечајната управничка на ТВ Нова ги тужи новинарите

Вкупно 14 новинари се сочуваат со тужби поднесени од стечајната управителка поради аванси за службени патувања. Новинарите тврдат дека паричните средства им се давани од страна на менаџментот, но по враќањето од службено патување уредно се раздолжувале. Гости во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“ беа новинарките, Билјана Трендафилова и Катерина Павлова – Николвска, кои се дел од тужените новинари.

-Има различни суми. Најголемата сума која што се побарува е 130.000 денари. Има и смешни суми од 1.000 денари за кои се стигнати тужби. Се бараат овие пари за наводни патни трошоци, за кои ние наводно не сме ги расчистиле кога сме се вратиле од патувањето. Апсурдот да биде поголем, баш ние да не сме ги вратиле парите и баш ние да не сме ги вратиле парите. Значи доаѓаш од пат и тој што е одговорен за расчистување на патувањето ти вика дај да ги расчистиме сметките, а особено за сума како мојата – 50.000 денари ќе ги земеш и никој да не те побара да се раздолжиш – можно е тоа? Иронијата да е поголема ТВ Нова нас ни должи. Откако отиде телевизијата во стечај до ден денеска поранешните вработени ги немаат земно заостанатите плати- изјави Катерина Павлова – Николвска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Трендафилова вели дека се грижела за уредувачката политика, контактирала и со менаџментот и е запрепастена од ова што се случува.

-Дел од колегите ме побараа и за сведок на суд и дефинитивно ќе ги поддржам и ќе го искажам ставот дека сме патувале за потребите на медиумот, сметките се расчистени и не знам од каде сега вакви побарувања. Знам дека се враќаат сметките- вели Трендафилова.

Жално е што во јавноста ова поминува многу тивко, вели Трендафилова, никој од медиумските здруженија ни се нема обратено да ни понудено помош.

-Вие сте прв медиум кој што се заинтересира за овој случај и прв каде што може да ги презентираме работите- вели Трендафилова.

Иронијата е поголема, бидејќи ТВ Нова на истите тие новинари, кои сега ги тужи, им должи девет плати.

-Наместо ние да чекаме исплата и стечај, како што си оди во процедура со лицитација, 14 мои колеги, новинари, за кои што јас сум сведок дека патувале, сите сме патувале, таков беше концептот на нашата телевизија, впрочем сега по толку години, да се бара нешто што се изработило и за што се расчистени со сметководството. Ако е тоа нивен пропуст, не е наш- вели Трендафилова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот