Наместо да помагаат во гаснење на пожари, девет хрватски војници фатени пијани на должност

Бундесверот се подготвува за вонредна ситуација поради наглото зголемување на бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Германија/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Девет припадници на хрватската војска се тргнати од должност, бидејќи биле пијани – и тоа додека биле на дежурство во касарна во Дивуље.

Како што пишува Нова ТВ, војниците биле испратени како помош за пожарникарите во гасење на пожарите во Далмација.

Инцидентот се случил пред неколку недели, а хрватското Министерство за одбрана го потврдил за Нова ТВ.

„Кај девет припадници на противпожарните наменски организирани сили била утврдена концентрација на алкохол во организмот, по што тие биле тргнати од должност. За настанот биле известени сите кои се наоѓаат на заповедната линија“, било соопштено од Министерството за одбрана.

Заради пијанство тие биле пријаени и во воено-дисциплинскиот суд. Пропустите се сериозни, бидејќи алкохолот не е дозволен.

„Многу е важно пожарникарите, но и сите кои им се приклучуваат во дадениот момент да бидат трезни. Ова е опасна работа и може брзо да се изгуби глава, ако човекот не работи трезен“, рекол Жељко Шоша, заповедникот на пожарникарите во Задар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот