Наместо да ловат криминалци, двајца полицајци се „заиграле“ Покемон: добија отказ, а се жалеа и на суд

Pokemon.Go
Alamy / Alamy / Profimedia

Двајца полицајци од Лос Анџелес, Луис Лозано и Ерик Мичел добија отказ откако беше откриено дека за време на работниот однос играле Pokemon Go.

Наместо да ловат криминалци, полицајците се „заиграле“ и поради тоа им бил врачен отказ. Оваа ситуација се случувала во 2017 година, кога двајцата вработени во полицијата се жалеле на одлуката и барале да им биде вратено работното место. Судот пред неколку дена ја отфрли жалбата – пренесуваат од „USA Today“

Лажеле дека не го слушнале повикот за потера на разбојниците

На снимката од нивниот автомобил се гледа дека полицајците биле во близина на трговскиот центар каде се случил грабежот и намерно го игнорирале повикот. Јавиле во централната станица дека се наоѓаат на другата страна од градот за да скријат што всушност правеле. На снимката се гледа како дискутираат за Снорлакс, лик кој се појавува во играта Покемон. Следните 20тина минути, полицајците шетале на различни локации на кои се појавуваат виртуелните Покемони.

Во судските документи се наведува дека поранешните полицајци го пропуштиле повикот за да ги фатат криминалците, а во текот на жалбената постапка, признале дека го напуштиле работнот место за да го пронајдат Снорлакс, лик во играта на Покемон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот