Наместо да ги смират нарушените односи, домаќинот ги избодел со нож

Во Полициската станица Ресен вчера е пријавено дека на улица „Бигла” во Ресен, С. А. (40) од Ресен со нож им нанел повреди на М.И.(25) од Кичево и Т.К.(49) од Ресен, информира МВР.

-Според пријавеното, М.И., Т.К. и Н.Б.(30) отишле во куќата на С.А. за да ги смират нарушените односи од претходно, но тој извадил нож и ги повредил М.И и Т.К.- сооптши МВР.

Повредените лица, како што информира МВР,  се пренесени во ЈЗУ Здравствен дом Ресен за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот