Наместо 20 евра казна, Кризниот штаб на Куманово бара општествено одговорна работа за не носење маски

Штабот донел одлука да се дозволи организирање и одржување концерти на отворен простор, градски плоштад и плато на НУЏК „Трајко Прокопиев” за време на траење на полициски час. 

Кризниот штаб Куманово бара од Владата да ја измени уредбата и наместо казни од 20 евра за неносење заштитна опрема, граѓаните да извршуваат општествено одговорна работа. Штабот донел одлука да се овозможи одржување концерти на јавен простор за време на полицискиот час на групи кои ќе ги поднесат барање и ќе ги почитуваат препораките за заштита. Ова се  заклучоците на штабот од денешната 39-та седница.

 ОШЗС Куманово бара од Владата на РСМ да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа, се вели во соопштението од штабот.

Штабот донел одлука да се дозволи организирање и одржување концерти на отворен простор, градски плоштад и плато на НУЏК „Трајко Прокопиев” за време на траење на полициски час. 

ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев” за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат предходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово– се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека тековно се спроведуваат активностите на вклучените субјекти во штабот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот