НАМЕРНО ИЛИ СЛУЧАЈНО: Тамара ја пееше химната во амбасадата на САД и ги изостави Делчев, Груев, Гули и Сандански (ВИДЕО)

тамара тодевска
Принтскрин/Твитер

Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно или намерно, ги изостави  Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.

Ваквиот нејзин потег предизвика бруни реакции во дијаспората, но и  на социјалните мрежи. Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешка при пеењето на химната од Тамара Тодевска за време на приемoт по повод Ден на независноста 4 Јули.

„ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (Тиранската платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети“, стои во реакцијата.

 

Влада: При изведбата на македонската химна беше направена ненамерна грешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот