Намалувањето на ДДВ за струја би ја чинело државата 28 милиони евра

струја

Регулаторната комисија на енергетика смета дека треба да се намали ДДВ за струја од 18 на 5 проценти. Оттаму велат дека според нивните сознанија, тоа на годишно ниво би значело помал приход во Буџетот од 28 до 29 милиони евра. Но, оттаму потенцираат дека граѓаните досега многу инвестирале во енергетските капацитети, цената на електричната енергија од ЕСМ се зголемувала, а производството опаѓало и дека треба да се размисли за помал данок.

– Цената од ЕСМ (само нејзин дел, а не вкупна цена на струја н.з) во 2006-та година беше 1,3 денари за киловат-час електрична при произведени 6,3 милијарди киловат-часови. Во 2017 година цената од ЕЛЕМ двојно се зголеми на 2,52 денари за киловат-час, а производството се намали на 4,08 милијарди киловат-часови – објасни претседателот на Регулаторната комисија зза енергетика Марко Бислимоски.

Тој рече дека како признат трошок во изминатиов период, народот ги платил инвестициите на ЕСМ во висина од 800 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот