Намалувањето на ДДВ во Грција, може да донесе и пониски цени

За авионскиот, бродскиот, автобускиот и јавниот превоз, за кафето и сите безалкохолни пијалоци во кафулињата и угостителските објекти и за билетите за летните кина од 1 јуни до 31 октомври 2020 година ДДВ-то во Грција од 24 отсто се намалува на 13 отсто, со што се очекува да донесе и пониски цени за конкретните производи и услуги.

Доколку сопствениците на кафулињата и останатите угостителски објекти решат намаленото ДДВ да го спроведат директно на цените, тоа ќе значи дека во следните пет месеци, кафето и безалкохолните пијалоци, како што се соковите, чаевите и слично, ќе бидат меѓу 20 и 50 центи поевтини, како што анализира дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, кафе, сок или чај што чини 3.5 евра, би можело да изнесува 3.20 евра, или пак од 4 да се намали на 3.65 евра.

Прочитајте и...  Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Како што беше случај кога ДДВ-то се зголеми, а сопствениците решија разликата во цената да биде на нивни, а не на товар на клиентите, така и сега, не е исклучена можноста да се стори истото, па цените да бидат непроменети.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека со новите даночни олеснувања, бизнисмените имаат секаква причина, дел од намалувањето на ДДВ-то да го спроведат во пониска цена за потрошувачите.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговата видео порака до граѓаните, најавувајќи намалување на ДДВ-то од 24 на 13 отсто за превозните средства, рече дека знае колку е важен поевтиниот превоз со автобус, со брод и со авион.

Прочитајте и...  Ја однесе како да е од хартија: Огромна двокатна куќа за 5 секунди исчезна во поплавите во Кина (ВИДЕО)

– Сакам, оние кои патуваат и одат на одмор, летово тоа да го сторат по најмала можна цена, рече грчкиот премиер.

Ова, во пракса, би значело, дека билетот за јавниот превоз во Атина, што сега е 1.40 евро, од први јуни би бил 1.28, но заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Јанис Кефалојанис, говорејќи за грчката телевизија „Скај”, рече дека ја разгледуваат можноста и дополнително да се намали цената.

Во однос на останатите билети, на пример, доколку патувањето со брод до некој од грчките острови досега чинеше 80 евра, со намаленото ДДВ, би требало да чини 73 евра.

Патувањето со воз од Скопје за Солун и назад сега чини 19.50 евра во двата правци, а со намаленото ДДВ, би требало да биде околу две евра поевтино.

Прочитајте и...  Апел за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес

Во однос на автобускиот превоз, на пример повратниот билет Атина – Солун сега е 59 евра, со намаленото ДДВ, би требало да биде 54 евра.

Намалување на ДДВ-то за истиот период од пет месеци, предвидено е и за туристичките пакети. Од досегашниот сооднос 80/20, односно ДДВ од 13 отсто за 80 отсто од пакетот и 24 отсто за 20 проценти од пакетот, сега се намалува на 90/10 односно 13 проценти ДДВ ќе има 90 отсто од пакетот, а останатата една десетина ќе биде со данок од 24 отсто.

Прочитај повеќе

Медицинска сестра од Чиле се грижи за болните од ковид-19: После смената свири на виолина низ ходниците (ВИДЕО)

Слободен печат

Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

Слободен печат

Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

Слободен печат

Во Дебар досега направени над 1.100 тестови, позитивни 153 лица

Слободен печат

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

Слободен печат

На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Слободен печат

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

МИА Агенција

„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

Слободен печат

ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Слободен печат

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Слободен печат

По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг

Слободен печат