„Намалив 17 килограми поради коментар од келнерот“: Лепа Брена ја откри тајната за нејзината трансформација!

Instagram

Поминаа многу години откако Лепа Брена ја започна својата борба против килограмите, но за тоа се уште се збори. Пејачката за само 6 месеци намали 17 килограми. Таа е позната по своите долги и витки нозе, а како го постигнала тоа, откри во едно интервју за „Blic“.

„Навистина е невозможно да се држи диета за шест месеци“, рекла Брена, која сепак успеала во тоа.

Таа одлучила да ја започне трансформацијата, поради еден келнер од почетокот на нејзината кариера: „Мислев дека ќе дојде пејачката, кога тоа – дојде трафостаница“. Таквиот навредлив коментар ја повредил, но и мотивирал. Таа започнала и сфатила дека нешто се случува со нејзиното тело, а денес 59-годишната пејака изгледа одлично!

View this post on Instagram

Promo Odiseja ljubavi??

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

„Наутро обично јадев едно или две јајца. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев некаква посна супа без маснотии и намази. Бсушност, тоа беше вода во која имаше само балансиран зеленчук, а не се вареше премногу за да не излезе витаминот Ц. Тука имаше и некое месо кое беше само печено или варено, бидејќи е полесно. За вечера имав парче риба или месо, покрај салата“, раскажала накратко Брена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот