НАМАЛЕНА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА „ЦРНОТО ЗЛАТО“: Продолжуваат да паѓаат цените на нафтата

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Минатата недела цените на нафтата на светските пазари се намалија. По низата на назнаки за понатамошно успорување на растот на најголемите светски економии, меѓу другото и кинеската, ги поддржа стравувањата од намалување на побарувачката за „црното злато“.

Во Лондон, минатата недела, пазарната цена за барел нафта се намали 1,8 отсто, на 59,42 долари, додека на американскиот пазар барелот поефтини за 1,7 отсто, на 53,78 долари.

Цените се под притисок поради низата на податоци кои укажуваат на успорување на растот на најголемите светски економии.

Така, меѓу другите, објавено е дека кинескиот бруто домашен производ (БДП) во третото тромесечие порасна за 6 отсто во однос на лани ова време, што послаб раст во споредба со очекувањата на аналитичарите и најспор во последните 27 и пол години.

Експертите велат дека американско-кинеската трговска војна предизвика ослабување и на домашната и на надворешната побарувачка. Поради тоа, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали проценката за раст на светската економија за оваа година на 3 отсто, што би била најниска стапка на раст уште од финансиската криза.

Поддршката на цените им обезбедува надеж на инвеститорите дека наскоро САД и Кина ќе потпишат барем парцијален трговски договор, што би бил чекор во насока на смирување на тензиите меѓу двете земји.

Американско-кинеската трговска војна трае повеќе од една година. Во тој период САД наметнаа повеќе царини на кинеска роба вредна милијарда долари, а Кина во спротива воведе царини за американската роба, што предизвика успорување на растот на глобалната економија.

Инвеститорите се надеваат дека намалувањето на напнатоста меѓу САД и Кина би можело да спречи и понатамошно успорување на растот на светската економија, а со тоа би се засилила и побарувачката за енергенсите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот