Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци, тутун и автомобилски горива

Alamy / Alamy / Profimedia

Во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 2,3 процент, а реално за 1,9 процент), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 0,6 проценти, а реално намален за 1,1 процент.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,1 процент, а реално за 4,1 процент) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 20,1 процент, а реално за 14,6 проценти)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот