Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Земјоделци / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI .

Во вториот квартал годинава откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.573.092.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,4 проценти.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 1 процент, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е намалување за 3,6 проценти.

– Намалување е забележано кај житата, добитокот, живината и јајцата и другите земјоделски производи, а кај другите производи е забележано зголемување, покажуваат податоците на ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот