Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е намален за 4,7 отсто. За толку е намален бројот на работници во индустријата и во периодот јануари – септември годинава, во однос истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници во септември годинава во однос на септември минатата година се намалил за 0,7 отсто, во Преработувачка индустрија за 5,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември минатата година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3  отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 4,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот