Намален бројот на работници во индустријата

Работници во текстилна фабрика / Фото: СП. архива

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е намален за 0,6 проценти, а за 1,7 проценти во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање од 2,5 проценти, во Преработувачка индустрија од 0,4 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 проценти, Капитални производи за 4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот