Намален бројот на починати и заразени со ковид-19 во Грција

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во периодот од 1 до 7 август 2022 година, за 18 отсто се намалил бројот на починати од ковид-19 и за 19 проценти бројот на заразени во Грција, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатата седмица бил регистриран 100 421 случај на ковид-19, од кои 21 отсто се реинфекции, а биле направени 728 373 тестови, со стапката на позитивност 13,79 отсто, наспроти 15,22 проценти пред една седмица.

Починале 314 лица, а во грчките болници во конкретниот период биле примени 2343 и отпуштени 2195 пациенти, додека пак вкупно 120 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4 577 675 случаи на ковид-19, а починаа 31 722 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот