Намален бројот на патници во меѓуградскиот и меѓународниот автобуски превоз

автобус

 Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година.

Според видот на превозот, зголемен број на превезени патници има само во градскиот превоз и тоа за 1,7  проценти, а намалување за 5,3 проценти има во приградскиот превоз, за 24,2 проценти во меѓуградскиот и за 24,5 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз  е намален за 13,2  проценти.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1 процент, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4 проценти, во меѓуградскиот за 23,3 проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9  проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот