Намален бројот на новороденчиња, морталитетот во пораст

Бебиња/ Фото: МИА

– Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување од 3.0 % има и кај бројот на умрените лица. Во второто тримесечје починале 5 064 лицa, а од нив 51 се доенчиња.

Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.

Во втриот квартал, според статистичката евиденција, биле разведени 181 брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот