Намален бројот на инфицирани лица, но не и на починати: Германија со дневен рекорд од 410 смртни случаи

Ковид-тест / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Во Германија, во последните 24 часа, починаа 410 лица како последица на коронавирусот, најмногу за еден ден, а бројот на нови случаи се зголеми за 18.633 на вкупно 961.320, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох”.

Од почетокот на пандемијата, вкупниот број смртни случаи во земјата е 14.771, а заразени се 961.320 лица. Пред една недела, бројот на смртни случаи на дневна основа беше околу 300, а на 2 ноември, кога Германија воведе делумно „затворање” – 49.

За денеска е најавена средба меѓу 16 сојузни премиери и германската канцеларка Ангела Меркел за ограничувачките мерки за време на Божикните и новогодишните празници.

Сојузните држави се очекува да ги продолжат ваквите мерки до 20 декември, бидејќи тие успеаја да го спречат нагорниот тренд, но не ги намалија бројките кога станува збор за починати лица.

Тоа значи дека баровите, рестораните и другите места за забава ќе останат затворени, додека училиштата и продавниците ќе бидат отворени.

Исто така, властите планираат да го ограничат максималниот број на луѓе кои можат да се соберат на пет, но, исто така, да дозволат максимум 10 членови на семејството или пријателите да се соберат за Божик и Нова година, се наведува во предлогот.

– Божик е семеен празник. Нова година е позабавна со пријателите, изјави баварскиот премиер Маркус Зедер за телевизијата АРД, додавајќи дека денеска ќе се дискутира за мерките поврзани со празничните собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот