Намален бројот на бегалци на грчката граница

ЕК: Состојбата на грчко-турската граница се чини стабилизирана во однос на бројот на обиди да се премине границата.

Европската Комисија ја потврди информацијата дека турските власти ги вратиле во Турција бегалците кои се наоѓаа на турско-грчката граница.

-Состојбата на грчко-турската граница се чини стабилизирана во однос на бројот на обиди да се премине границата, кој е сега вратен на претходното ниво, изјави Адалбер Јанз, портпарол на ЕК за внатрешни работи.

Европската комисија потсети дека се распоредени нови сто граничари од Фронтекс од единицата за брза интервенција, кои доаѓаат од 22 земји членки на ЕУ. Тие работат заедно со грчките власти за да “продолжат да ја стабилизираат состојбата”, изјави портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот