Наложување, извршување: Твитер цензурира видео со Бајден и неколку девојчиња

Фото: EPA-EFE/DNCC

„Твитер“ принуди еден од своите корисници да избрише видео на кое е кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден со неколку девојчиња.

Снимката е направена во 2015 година, за време на свечена заклетва на новите конгресмени, родители на девојчињата што може да се видат на видеото, пренесува порталот„Риклем д нет“ (Reclaim the net).

Џејк Кениг се изненадил кога неговиот налог на „Твитер“ бил заклучен, откако се обидел да го објави клипот и му било кажано да не го објавува на таа социјална мрежа.

Блокирањето на твитот доведе до нови обвинувања кон компанијата за цензура на објави, мимови и веб-страници кои го критикуваат Бајден и демократската кандидатка за потпретседател на САД, Камала Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот