Налепниците за регистрација се пензионираа

Налепниците за регистрација се укинати со Законот за возила, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи откако повеќе граѓани реагираа во редакцијата на „Слободен печат“ дека кога ги регистрирале возилата не добиле ваква налепница.

– Праксата покажа дека овие налепници немаат никаква функција и се непотребен трошок за граѓаните, затоа и ги укинавме. Полицијата кога врши контрола ја гледа сообраќајната дозвола за да утврди дали возилото е регистрирано, а не налепницата – објаснуваат од МВР.

Наместо вакви налепници на возилата ќе се лепат еколошки налепници. Eколошка категоризација на возилата, предвидува налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако приватното возило нема налепница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот