НАкС ја поздрави одлуката на Владата со која се ставуваат во мирување постапките за избор на ректор

Независниот академски синдикат денеска преку соопштение ја поздрави одлуката на Владата за допрецизирање на членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување.

Со тоа, според Независниот академски синдикат, повеќе нема правна дилема околу спроведувањето на изборите за ректор и Сенат на УКИМ. Очекуваат од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски да ги сопре постапите за избор на ректор и Сенат на УКИМ.

– Со оваа навремена и здраворазумна одлука на Владата се заштитуваат демократските принципи на универзитетите, но и здравјето на академската заедница. Со одлуката на Владата, реакцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, но и принципиелната реакција на Државниот трудов инспекторат, кој во јануари утврди нарушување на синдикалното здружување, се враќа надежта за поголема отчетност и респонзивност на институциите. Оттука, ги поздравуваме овие одлуки и ги охрабруваме и другите институции од областа на високото образование и науката да работат во заштита на јавниот интерес, се наведува во сооштението. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот