Наков и Николовски, старо-нов репрезентативен потенцијал во Џио Струмица

Со оглед на амбициите во претстојната сезона да се врати на европската сцена по подолго време, како и да конкурира за двојата круна во домашни рамки, раководството на Џио Струмица тргна во офанзива да го комплетира и да го засили играчкиот кадар.

Претходно одбојкарскиот клуб потпиша договори со Владо Милев и Васе Михаилов со што обезбеди нова примачка дијагонала со репрезентативен квалитет.

Најуспешната македонска екипа во последната деценија ги продолжи договорите со неколумина стандардни одбојкари, меѓу кои и со репрезентативниот блокер Ристо Николов, и стручниот штаб на чело со досегашниот тренер Кире Ричлиев.

фото: vfmkd.mk

Старо-нови членови на Џио Струмица се и средниот блокер Славе Наков, како и Филип Николовски, кој лани премина во Џио Струмица од Весна Пробиштип, а може да игра на две позиции во тимот, како примач и како либеро. Токму тоа е неговото место во македонскиот национален тим чијшто член е и Наков.

Прочитајте и...  Учесник во групите на Лига Европа го промовираше Руфати

Двајцата настапија на ланското Европско првенство, за нас дебитантско, а беа дел од „црвено-жолтите“ и во Европската лига. Ако се знае дека освен Иван Андонов, сите други досегашни играчи на Џио Струмица ги обновија договорите, тоа значи дека клупското раководство речиси го оствари целиот план за кадровскиот потенцијал на екипата.

За освојувачот на двојната круна од сезоната 2018/19, последната одиграна целосно, сега останува периодот на подготовки пред следните предизвици. Домашната сезона би требало да почне во втората половина на септември, а потоа струмичките одбојкари ќе го почувствуваат задоволството од учеството во Челинџ купот на ЦЕВ.

Прочитај повеќе

Изненадени „црвено-црните“: Одлуката на ЕХФ донесена без консултација со Вардар!

Слободен печат

Беше пред ривалот, застана и го пушти да ја освои бронзата! (ВИДЕО)

Слободен печат

Невил: Не се освојува титула со Мегваер и Линделоф!

Слободен печат

Учесник во групите на Лига Европа го промовираше Руфати

Слободен печат

Халеп со прва титула во „вечниот“ град, Плишкова го предаде мечот (ВИДЕО)

Слободен печат

Мората на позајмица, а Суарез пред трансфер во Атлетико!?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Косово без најдобриот напаѓач против Македонија!?

Слободен печат

Клоп уште еднаш ја покажа својата човечка величина! (ВИДЕО)

Слободен печат

Изов со принудни измени поради седум позитивни случаи на коронавирус

Слободен печат

Славниот Марадона денеска ќе навива против Ѓоковиќ

Слободен печат

Тодоров: Би било добро да ги играме мечевите на неутрален терен!

Слободен печат

„Марка“: Сега е јасно дека Зидан има сериозен проблем!